Мисајловски: Легитимно е прашањето дали СДСМ ќе излезат на гласање во вториот круг, откако ќе видат дека губат насекаде

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Носителот на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека легитимно е прашањето дали СДСМ ќе излезат на гласање во вториот круг, откако ќе видат дека губат насекаде.

„Прашање е што ќе прават СДСМ во вториот круг. Поентата ми беше дали СДСМ ќе излезе да гласа, тоа е прашањето, дали после првиот круг, зошто они ќе видат дека ќе губат насекаде, и тој бран ќе се прелие и на парламентарните избори“, порача Мисајловски.