Чудо во Премиер-лигата: Де Бруине даде гол со глава (видео)

Кевин де Бруине е еден од најдобрите фудбалери во последните десетина години во Премиер-лигата, најзаслужен за доминацијата на Манчестер Сити во елитното англиско друштво, а интересно е што белгискиот плејмејкер сето ова време (во Сити е од 2015, а претходно две сезони настапуваше и за Челси) немаше постигнато ниту еден гол со глава.

Се до вечерва, кога Де Бруине и самиот беше изненаден откако со мајсторски удар со глава го совлада голманот на Брајтон и му донесе на својот тим водство од 0-1.

Вокер нафрли од десната страна, а Белгиецот скокна напред и ја смести топката во горниот агол од голот на Брајтон.

Историскиот прв гол со глава на Де Бруине во Премиер-лигата можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...