Бизнис
КОИ СЕ БАРИЕРИТЕ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА?
27.10.2024
Многу работници од странство во Германија се соочиле со високи бирократски пречки. Околу 56 отсто од странските работници изјавиле дека доживеале дискриминација во најмалку една животна област, а најчесто е при барањето на стан, покажува студијата на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).
Наспроти промените на законот за доселување на стручна работна сила од странство, се уште постојат бирократски пречки при издавањето на визи, признавањето на дипломите и прашањата поврзани со семејствата на странските работници.
- Важно е да се прифати дека одлуката за доселување често се донесува заедно во семејството, изјави Борис Иванов, експерт од ИАБ.
Странските работници во Германија поретко се жалат на односот на контактот со надлежните служби во училиштата, здравствените институции или со полицијата. Повеќе од 20 отсто се пожалиле дека се чуствуваат „запоставено“ при контактите со државните служби или институции.
- Целосниот пристап во процесот на интеграција кој вклучува и барање на работа за партнерот, грижата за децата и пронаоѓањето на сместување, може да го засили доселувањето во Германија, изјави Тања Фендел од ИАБ, пренесува „Капитал.ба“.
фото freepic