еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Агим Красниќи кој е во бегство 4 години уапсен во Косово

Во Урошевач, Косово, е уапсен Агим Красниќи, кој од 2020 година е во бегство.

Тој во 2008 година беше осуден на 15 години затвор, бидејќи во 2005 година во Кондово од каде е, со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела, меѓу кои и изборни нерегуларности.

По речиси 12 години поминати во затвор, избега за време на слободен викенд од затворот во Штип.

До отслужување на казната му остануваат уште три години и три месеци.

За апсењето е известено и македонското Министерство за внатрешни работи.

Со него се уапсени уште тројца македонски државјани, потврдија од косовската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Пепси, Кока-Кола, Старбакс, Мекдоналдс ја прекинуваат работата и продажбата во Русија

Редакција

Стојко Пауновски се заблагодари за поддршката на „пркосот“: Сакав да ја одбранам професионалноста, премиерот немаше разбирање

Редакција

(ВИДЕО) Скопје побеле: Падна првиот снег

Редакција