Откриен третман против резистентен рак на кожата: Кај 2 од 8 пациенти, метастазите исчезнале

Точка

24/11/2022

18:02

7.988

Големина на фонт

а а а

Универзитетската болница во Брисел тестирала нов експериментален третман против резистентни меланоми, охрабрувајќи ги пациентите кај кои стандардниот третман не успеал.

„Добивме многу охрабрувачки резултати. Овие пациенти беа осудени на пропаст бидејќи стандардните третмани не работеа. Фактот дека некои од нив сега се излечени е многу важен знак“, вели професорот Барт Неинс.

Клиничкото испитување се фокусирало на пациенти со меланом со метастази на кожата и лимфните јазли.


Кај двајца од осум пациенти, сите метастази исчезнале. Кај друг пациент, клетките на туморот исчезнале од инјектираната лезија, а дијаметарот на преостанатите метастази се намалил за повеќе од половина, по само 12 недели лекување.

Третманот вклучува инјектирање на туморот со дендритични клетки, кои му помагаат на имунолошкиот систем да ги нападне и да ги направи клетките на ракот безопасни, заедно со дополнително синтетичко средство за зајакнување на имунитетот.

Резултатите биле охрабрувачки, па клиничкото истражување ќе продолжи нареднта година, соопштија од Универзитетската болница.




Спонзорирани линкови

Маркетинг