Од петте топ лиги, има пет топ мечеви, со топ вкупна квота од точно 50

Пет атрактивни дуели кои ако ги одиграте заедно на еден тикет ќе ви донесат вкупен коефициент од 50.6 нудат комбинациите во денешните Квоти на ден во Sport Life. Ливерпул гостува кај Вест хем и едноставно мора да победи за да остане во трка за титулата. За триумф на тимот на Јирген Клоп во комбинација со тоа да има барем по еден гол во двете полувремиња, коефициентот е точно два.

Лајпциг е домаќин на Борусија Дортмунд во дербито на Бундеслигата. Тука треба да се очекува атрактивна и отворена игра и секако погодоци посебно од домаќините. За Лајпциг да даде од 1-3 гола во првото и 1-3 гола во второто полувреме квотата е 2.20.

Дербито во Италија е меѓу Јувентус и Милан и тука опцијата е да се игра на погодоци и тоа двата тима да погодат барем по еднаш и да има најмалку по еден погодок во двете полувремиња. оваа комбинација носи примамлив коеифциент од 2.50.

Пари Сен Жермен дома е голем фаворит за триумф против Ле Авр и освен „кецот“ ова треба да биде пресметка на која ќе паднат од три до пет погодоци. Супер е коефициентот за оваа опција и изнесува 2.30.

Во Шпанија, Атлетико Мадрид е домаќин на Атлетик Билбао, а тука Јорганџиите не треба да загубат, а да бидат постигнати од два до четири голови, што се вреднува со точно два квота.

- Оглас -

Најнови вести