Судот во Москва им одреди притвор на четворицата осомничени за масакрот во трговскиот центар: Напаѓачите ја признаа вината

by Fokus

Судот во Москва на четворицата осомничени за нападот во трговскиот центар Крокус Сити Хол им одреди притвор до 22 мај.

Приведени се Мухамедсобир Фаиз, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализоди и Шамсидин Фаридуни, кои на рочиштето ја признаа вината.

Руските медиуми вчера објавија дека Мирзоев и Рачабализода ја признале вината.

Тие четворица, како што претходно соопшти ФСБ на Русија, беа уапсени на 23 март, во близина на руската граница со Украина, и обвинети за тероризам.

Во терористичкиот напад извршен на 22 март во концертната сала Крокус Сити Хол, според последните податоци, загинале 137 лица, меѓу кои и три деца.

Повредени се 180 лица, од кои 142 лица се хоспитализирани.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Поврзани новости