Поврзете се со нас

Италија

Фурлани за најавениот наследник на Пиоли: Многу имиња се споменуваат во медиумите…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан како што стојат работите ќе го смени Стефано Пиоли по крајот на актуелнава кампања во која за „росонерите“ главна цел ќе биде да се задржи второто место во Серија А.

Медиумите веќе и посочуваат кој ќе биде наследникот на Пиоли-тоа е поранешниот шпански селектор и екс тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.

Околу овие последни вести свој коментар имаше извршниот директор Џорџо Фурлани кој порача:

-Имаме тренер, се вика Стефано Пиоли. Фокусирани сме добро да ја завршиме сезоната. Не одеше онака како што се надевавме, бидејќи ние сме Милан и секогаш сакаме да победуваме. Има многу гласини наоколу, сакаме само да се фокусираме и целиот овој разговор е иритирачки. Тоа го кажаа и играчите, доста е, ние само сакаме да се фокусираме на играње фудбал, победа на натпреварите и останување на второто мест, -рече Фурлани кој не негираше дека разговарал со Лопетеги.

-Видете, многу имиња се споменуваат во медиумите. Веќе ја планираме иднината на трансфер пазарот, сакаме да го засилиме составот. Оваа година не триумфиравме, но тоа е целта. Тоа е она на што работиме, -заклучи Фурлани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни