„Кино за млади“ со бесплатни проекции на 28 и 29 ноември во Кинотека

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник), со почеток во 12 часот бесплатно ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија во рамки на проектот „Кино за млади“.

Проектот „Кино за млади“ е во организација на дистрибутерската куќа „Узенгија“, а се реализира со поддршка од Град Скопје.

Програмата почнува на 28 (понеделник) во 12 часот со проекција на швајцарската психолошка драма „АТЛАС“ во режија на Николо Кастели (Niccolò Castelli) од 2021 г., во времетраење од 90 минути.

Сторијата на „АТЛАС“ говори за Алегра, млада жена полна со живот и со страст за искачување на високи планини. Таа решава да отпатува во Мароко за да го искачи врвот на планината Атлас, но нејзиното патување ненадејно завршува кога ќе експлодира бомба во кафуле и нејзините тројца пријатели ќе загинат во нападот. Не можејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град. Таму ќе го запознае Арад, млад муслимански бегалец, кој ќе ѝ помогне да се соочи со реалноста, нејзините стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани…

Улогите ги толкуваат Матилда Де Анџелис, Хелми Дриди, Анџело Бизон.

На 29 ноември (вторник) во 12 часот ќе се прикажува италијанско-белгискиот трилер „СМЕНАТА“ (The Shift), дебитантско дело на италијанскиот автор Алесандро Тонда (Alessandro Tonda) од 2021 година.

Се работи за динамичен акционен филм чија сторија говори за терористички напад на исламисти во училиште во Брисел. Автобусот полн со адолесценти кои разговараат за девојки, забави и испити пристигнува до влезот на нивното училиште. Во влезниот хол, каде што се среќаваат со своите пријатели, се шегуваат и се смеат заедно. Но, некој не го дели нивниот безгрижен израз. Набргу потоа се случува експлозија. Реферирајќи на три терористички напади во главниот град на Белгија кои се случија на 22 март 2016 годинафилмот се фокусира на случките непосредно по експлозијата и трите лика  двајца болничари и рането 16-годишно момче

Улоги: Клотилд Хесме, Адамо Диониси, Адам Амара, Јан Хаменекер, Стив Дризен, Џемел Барек, Мирием Акедиу.