Македонија

(Видео) Арсовска е одамна во политичка пензија, резултатите од изборите се мерило колку вреди, рече Славески во „Претрес“

Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека скопската градоначалничка одамна е во политичка пензија.

„И пред да стане градоначалник имав некои индикации дека таа има амбиции за повисока функција. Го имам кажано ова и на друго место, ова е сигурно. Уште во 2019, 2020 година, имаше амбиции за потпретседателско место. Сега ќе се покаже вистинската вредност на ова гласање, имаше дилема во некои јавни настапи кажуваше дека сама ги освоила гласовите“, рече Славески во „Претрес“ и додаде:

„Сега еве ви мерило колку вредите. Мислам дека таа одамна е во политичка пензија“.

Славески зборуваше и други актуелни случувања, теми, како и за ВМРО-ДПМНЕ, а го спомена и Сашо Мијалков.

На почеток