22.8 C
Скопје
15:41 - 28 март, 2024

Патот кон себе: Четири „супермоќи“ што сите ги поседуваме

„Јас не сум тоа што ми се случува, туку она што одбрав да станам“.
Карл Густав Јунг

Постојат четири моќи што сите ги поседуваме и може да нè доближат до автономија и она што го нарекуваме благосостојба – исполнет живот.

Тоа се:
Моќта на личните искуства
Слободата на избор
Способноста да се каже НЕ
Моќта на вредните релации

Тие можат да ни помогнат, од жртви на околностите и на другите луѓе, да станеме херои во сопствениот живот.

Има еден модел што се користи да се илустрира процесот на лична трансформација и раст и се нарекува Патот на херојот.

Тоа, всушност, личи на скрипта според која се пишуваат или се режираат сите приказни и филмови со херој како главен јунак. Секогаш се случува некаков повик за херојот да излезе од комфор-зоната, потоа се бори со чудовишта и неприлики, секогаш се наоѓа некој да му помогне и на крајот, добива некаков трофеј, кој може и да е победа или ослободување.

Дали е тоа со Фродо во „Господар на прстените“, дали Нео во „Матрикс“ или „Кралот Лав“, секогаш патернот е ист.

Ако тоа се преведе на животот во нашето секојдневие, патот на херојот, односно нашиот животен пат, се всушност сите наши битки, искуства, соочување со внатрешни монструми, надворешни неприлики, победи и порази. Ги викаме искуства.

Моќта на искуствата е што иако тие може да се многу болни, на крајот ни нудат вредни лекции што ни помагаат во понатамошни помудри одлуки за себе. За старите луѓе не велат дека се мудри поради годините, туку поради искуствата во тие години.

Патот на херојот илустрира уште нешто, а тоа е дека во комфор-зоната (почетната точка во трансформацијата) нема раст. Трансформацијата се случува кога се соочуваме со проблеми и предизвици. Тогаш предизвикот нè тера да ги откриеме своите силни страни, таленти и да ги употребите ресурсите кон надминување на проблемот. Нè тера да ја искористиме слободата на избор како моќ која нè прави активни креатори на животот наместо пасивни консументи на околностите.

Моќта на избор значи одговорност и слобода. Слобода да избереме што и кој би бил најдобриот одговор што можеме да го дадеме кон околностите што ги оценуваме како ограничувачки и нè оддалечуваат од личната среќа.

Третата моќ е да се каже „НЕ“.

Родени како индивидуи, но дизајнирани како социјални суштества, ние луѓето сме растргнати помеѓу две основни потреби. Да ја задржиме нашата автономија и автентичност и да бидеме прифатени и потврдени во заедницата.

Поради потребата за припадност и за потврда во заедницата или системот каде што делуваме, ние се плашиме да исцртаме граници. Но, границите ни помагаат да ја развиваме својата автентичност и, истовремено, здрави релации со другите.

Постојат телесни граници, емотивни граници, вербални граници, временски граници. Кажување НЕ, особено во колективистичките општества, се сфаќа како одбивање, отфрлање или отпочнување конфликт. Кажувањето НЕ може да се каже дури и без да се изговори зборот НЕ.
Границите може да се комуницираат сосема ненасилно, ако личноста зборува за себе и своите потреби и ако е свесна за тоа каде сака да исцрта граници. Најважно е внатрешно личноста да знае кога е НЕ, за да може тоа да го комуницира навреме и на најсоодветен начин.

Последната моќ е онаа на позитивните релации. Луѓето се вреден ресурс во нашите животи и битно е да сме свесни за тоа кои луѓе прават да се чувствуваме убаво, го поддржуваат нашиот раст и нè прават среќни.

Ретко кому животот му постела цвеќиња на патот. Има една изрека „секоја планина своја тежина“ и таа важи за сите луѓе. Затоа овие моќи се наши алатки. Дали лошите околности ќе ги користиме како алиби и ќе тонеме во пасивност и обвинувања или ќе се поставиме активно кон (не)приликите барајќи поповолни решенија.

ПИШУВА: Ида Протугер – психолог, тренер за личен и организациски развој
www.idaprotuger.com

 

Слични објави

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо
Се вчитува....