Скандалозно смеење на пратеници додека се зборува за трагедијата на Онкологија

Неверојатно однесување на двајца пратеници на СДСМ кои на настан поврзан со трагедијата на клиниката за Онкологија без никакви емоции се смеат додека бараат оставка за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

Пратениците на СДСМ Мартин Костовски од Куманово и Миле Талески од Прилеп без никаква емпатија кон луѓето што настрадаа на клиниката на Онкологија гласно се смеат додека бараат оставка на Мизрахи заборавајќи дека причината за анкетната комисија која ја води пратеничката се лични трагедии на десетици можеби и стотици пациенти од кои дел завршиле со смрт.

Костовски и Талески заедно со повеќе други пратеници на СДСМ од Мизрахи бараат оставка откако таа како шеф на комисијата пресложи заклучоци со кои се бара политичка одговорност од 6 функционери на СДСМ и ДУИ.

Повеќе детали

Жесток напад од власта врз Мизрахи откако побара одговорност за 6 функционери за Онкологија