Ковачевски ручаше гравче и риба заедно со студенти (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски сподели видео од неговата неодамнешна посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде што имал средба со неколку студенти.

Тој порача дека студентите се иднината на оваа држава и дека секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив.

-Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард!, потенцирал Ковачевски на средбата со студентите.

Како што може да се види од објавеното видео, премиерот седнал на гравче и риба во мензата од студентскиот дом, каде на заедничка маса ручал со дел од студентите.

Во однос на условите во студентските домови, Ковачевски неодамна соопшти дека би го пуштил неговото дете да живее во студентски дом, оти како што вели, „таму ќе научи како живеат децата од Македонија, кои секојдневно патуваат од други градови и се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достојни граѓани, а ја немаат привилегијата мама и тато да им готват трипати на ден топол оброк, и за време на паузите да сеат во топла соба“.

Слични содржини