Вучиќ сепак ќе присуствува на самитот во Тирана , за аналитичарите очекувана драма за домашната јавност

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе присуствува на самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тирана. Своето патување во АЛбанија Вучиќ го потврди по средбата со пратеникот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак.

Аналитичарите сметаат дека ваквата одлука била очекувана и дека дилемата околу заминувањето била повеќе за внатрешна употреба.

Тој го доведе во прашање своето присуство на самитот по именувањето на Ненад Рашиќ за министер во косовската влада и пред се поради првичната реакција на Европската унија, која во Белград ја оценија како блага, особено што спорниотнминистер доаќа од партија на србите на Косово која според Белград нема ни еден посто доверба од тамошната српска заедница

„А да не отидев во Тирана,? Можеби нема да биде корисно да отидам, но сигурно ќе биде голема штета за нашата земја. Можеби би рекол нешто… би покажал дека мојата суета е посилна и поголема, но секако би била штетна за државата… Можеби колегите се во право кога велат дека е подобро да се слушне барем еден одговор отколку да не слушам ништо “, ја образложи Вучиќ својата промена на ставот за патување во Тирана.

Вучиќ изјави дека нема големи очекувања од Тирана и смета дека многу луѓе на неадекватен начин ќе зборуваат за санкциите против Русија и за прашањето за Косово.

Поврзани новости