Музика на кирилица

Новогодишниот концерт на Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола ексклузивно на Телма за време на новогодишната програма

По музичкиот спектакл кој го приредија Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола, со песните „Jingle Bells”, „Santa Claus is comin’ to town”, „Deck the halls”, „All I want for Christmas”, „Елко, елко” и многу други, се разбуди новогодишната еуфорија кај публика.

Концертот „Jingle Bells Symphony„ ексклузивно ќе се емитува на Телма за време на телевизиската новогодишна програма. Гледачите ќе имаат можност да ја доживеат празничната концертна магија, да уживаат во одличниот сценски настап на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, како и во маестрално отсвирените ноти од Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски.

Секоја отпеана песна предизвика лавина позитивни реакции кај публиката, па затоа, во претстојниот празничен период уживајте со „Let it snow” во изведба на Сара Мејс во живо и почувствувајте ја новогодишната магија.

Можеби ќе ве интересира: