Вести Македонија Најважни

Има ли „Тројански коњ“ во опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ го прашува Димитриевски, на кого СДСМ му ги одби барањата

Поранешните сопартијци му ја нарекоа ЗНАМ „човек-партија“, а Максим Димитриевски возврати – ароганцијата на СДСМ е ненадминлива.

Тој вчера се обрати до раководството на партијата во која делуваше во минатото. Побара сите да ги напуштат партиските функции и да се откажат од пратеничките мандати, како услов за понатамошна соработка на ЗНАМ во коалиција со СДСМ.

Откако експресно му беа одбиени барањата, лидерот на ЗНАМ денес повторно со свој став.

Тие коишто коишто обвинуваат за соработка со михајловисти, истите тие коишто дозволија да се отвораат клубови на странски држави со тоа име во текот на мандатот, ја згазија не само социјалдемократијата туку и илинденската и асномската идеја во целост во државата и нѐ обвинија дека сме „човек-партија“. Нивната ароганција е ненадминлива. Со тоа, покрај мене, тие навредија и повеќе од 84 илјади граѓани на оваа држава, порача димитриевски.

Епитетот „човек-партија“ на ЗНАМ ѝ го додели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на партиски митинг.

Го прозва Димитриевски дека се оддалечил од својата идеологија, за да „шурува“ со наследниците на Ванчо Михајлов.

Раководството на СДСМ го бираат членовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои се наследници и на НОБ и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов. На крајот на денот ќе ги гледате стуткани во некој ќош во една клупа таму во Собранието на Македонија, како седат во последна клупа со наведнати глави, изгубени од својата идеологија, рече ковачевски.

Покрај условите за соработка со СДСМ, ЗНАМ испорача барања и до ВМРО-ДПМНЕ – да потврдат дека не е точно дека дел од раководството на најголемата опозициска партија заговара соработка со поранешниот премиер Заев, за обезбедување на евентуално двотретинско мнозинство во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема разговори ниту со Заев, ниту со Ковачевски.

Од ЗНАМ сега се на потег да повикаат на гласање за претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска – Давкова, велат од најголемата опозициска партија и додаваат – „не сакаме да веруваме дека постои Тројански коњ и продолжена рака на власта во опозицијата“.

Максим Димитриевски вчера побара од раководството на СДСМ во наредните 24 часа да си поднесе оставки од сите можни функции во партијата, потоа сите носители и ко-носители на кандидатските листи на СДСМ да дадат нотарски изјави дека се откажуваат од пратеничките мандати и да се обврзаат дека ниту јавно, ниту тајно нема да се договараат со сегашното раководство на ДУИ.

Условот за опозицијата, покрај уверувањата дека не се заговара двотретинско мнозинство во Собранието, се програмските определби за неприфаќање на таканаречен „бугарски диктат“ и несоработување со ДУИ.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благодарност од Лога до турските власти за екстрадицијата на Палчо

Дејан Дејан

Aмерика го предупреди Рајфајзен поради соработката со Русија

Дејан Дејан

(ФОТО) Палевски пристигна во Истражниот затвор Шутка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе