Вести Македонија Топ вести

Февруари месец на заразите од голема сипаница, бактериските инфекции кај најмладите и големата кашлица

Нови 11 случаи на голема кашлица регистрираше Центарот за јавно здравје. Најмалото дете со потврден пертусис има четири месеци, а највозрасниот има 44 години.Повеќето од заразените се вакцинирани. Покрај големата кашлица во Македонија болнциите и амбулантите ги полнат заразите од овчи сипаници и ентероколитиси. Повеќе од шестотини заразени со сипаници и три пати помалку со бактериски инфекции, овие заболувања доминирале во месец февруари, покажува најновиот извештај на Инстиутот за јавно здравје.

  • „Во однос на билтенот кој се објавува секој месец од Институот за јавно здравје најчесто заболување биле овчите сипаници со осумстотини или деветсто случаи. Во последниот билтен бројката е 660 случаи. Ентероколитиси се воспалителни процеси на дигистивниот систем кои често се присутни“- Злате Мехмедовиќ-портпарол на Комисија за заразни болести.

Иако во помали размери сепак се шират и останатите заболувања. Четири лица биле потврдени на ХИВ и еден на СИДА, а не изостанува и корона вирусот на кој биле потврдени 49 случаи.

  • Институт за јавно здравје: „Во февруари се регистрирани 52 случаи на останати активни заболувања, од нив 51 е случај на шуга и еден случај на  вирусен менингит. Регистриран е еден смртен случај од СИДА кој бил пријавен како заболен во 2018 година. Лицето е од машки пол и припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години.“

До Институтот за јавно здравје изминатиот месец пристигнале три пријави за епидемии на заразни болести. Во Струмица се ширила  епидемија на труења со храна, а во Берово и Кочани епидемија на салмонелоза. Сепак, Скопје води во епидемијата со голема кашлица. Вакцините за возрасни кои се препорачуваат само за трудници веќе се стигнати. По завршување на административните процедури во Агенцијата за лекови тие ќе бидат достапни во Центарот за јавно здравје.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе