Шакира одговори на гласините за новата љубовна врска

Шакира ги демантираше информациите дека е во врска со инструкторот по сурфање Горка Езкурдиа.

„Од почит кон моите деца и тешкиот период низ кој минуваат, барам од медиумите да престанат да објавуваат шпекулации. Немам партнер и сакам целосно да се посветам на моите деца и нивната благосостојба“, изјави таа.

Веста за нивната наводна врска американските медиуми ја објавија на почетокот на ноември, кога беа фотографирани на плажа.

Потсетуваме дека Шакира и Жерар Пике раскинаа во јуни оваа година. Тие неодамна постигнаа договор за старателството над синовите Милан (9) и Саша (7). Шакира наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.
Џерард веќе неколку месеци е во врска со студентката Клара Чиа Марти. Таа неодамна му даде поддршка на натпреварот против Алмерија, по што тој се прости од фудбалската кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e