Босанец во Швајцарија испушил два „џоинта“ и ја избодел сопругата – судот го ослободил

Од:

Граѓанин од БиХ (38) кој живее во Швајцарија е ослободен од одговорност откако испушил два „џоинта“ и со нож ги нападнал сопругата и уште една жена-случаен минувач. Судот го ослободи бидејќи бил под дејство на марихуана и не се сеќава на ништо. Сепак, тој ќе мора да оди на лекување од зависност, пишуваат швајцарските медиуми.

Сè се случи во градот Солотурн во северозападна Швајцарија во февруари 2021 година. Споменатиот државјанин на БиХ се вратил од работа, а потоа испушил два „џоинта“. После тоа, изјавил насилниот маж, изгубил контрола над себе и не се сеќава што направил.

Како што пишуваат швајцарските медиуми, тој ненадејно ја нападнал сопругата со нож и и нанел неколку убоди во грбот. Таа успеала да побегне на улица, а тој тргнал по неа. Во моментот кога излегле на улица наишле на случајна минувачка која се обидела да ги раздели. Насилниот маж и неа ја нападнал и ја прободел во нога и во главата.

Жените завршиле во болница. Сопругата не поднела кривична пријава, туку втората жтрва минувач. Сепак, бидејќи напаѓачот е прогласен за непресметлив, таа нема да добие никаков надомест.

Исто така, во заклучокот на судската одлука се наведува дека не било можно да се утврди намерата за убиство на жената.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски