Јувентус го одреди наследникот на Алегри, тоа е човекот кој прави чуда во Серија А

Тијаго Мота е главен фаворит да биде новиот тренер на Јувентус, објавија италијанските медиуми.

Мота прави чуда со Болоња во Серија А сезонава и се наоѓа на добар пат да го освои едно од првите четири места на табелата и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Болоња по 29 кола во Серија А се наоѓа на четвртото место на табелата со 54 бода, три повеќе од Рома, а интересно е што екипата ја има третата најдобра одбрана во Италија само со 25 примени гола. Единствено Интер (14 примени голови) и Јувентус (23) имаат помалку примени голови од Болоња сезонава досега.

Техничкиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, веќе три сезони „го држи на око“ Мота, уште од времето додека беше спортски директор во Наполи, и налето ќе се обиде да го убеди да ја прифати понудата на Старата дама и да се пресели во Торино.

Иднината на Алегри на клупата е неизвесна, тој бара налето да потпише нов договор, додека управата сè уште размислува да му се заблагодари на соработката, а најголем заговорник за смена на тренерот е токму Џунтоли.

 

- Оглас -

Најнови вести