Вести Свет

Нетанјаху не се откажува од законот за ослободување од регрутирање

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ѝ соопшти на својата партија Национално-либералното движење (ЛИКУД) дека нема да се откаже од нацрт-законот со кој на ултраортодоксните Евреи им се дава ослободување од регрутирање во израелските одбранбени сили.

Нетанјаху го најави ова поради најавата на членот на воениот кабинет Бени Ганц дека ќе ја напушти владата и дека неговата партија Национално единство ќе ја напушти коалицијата доколку законот биде усвоен, пишува „Џерусалим пост“.

Ултраортодоксните воено способни мажи во Израел со децении можеа да го избегнат регрутирањето со запишување за студенти во Јешива за проучување на Тората и со добивање повторено едногодишно одложување на службата додека не достигнат возраст за ослободување од војска.

Неколку влади се мачеа да постигнат консензус за закон за регулирање на ова прашање, откако Високиот суд во 2017 година пресуди дека сеопфатните ослободувања од воена служба за студентите на Јешива се дискриминаторски и неуставни и затоа и нареди на државата да најде решение за проблемот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе