По 100 проценти обработени изборни податоци Државната изборна комисија ги соопшти изборните резултати за 5, изборна единица каде се наоѓа и Битола.
Според ДИК во 5ИЕ Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ, носител: Ѓорѓија Сајкоски, освои 10 мандати.
Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’, носител: Зиадин Села, освои 4 мандати во ИЕ5.
КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ, носител: Јован Митрески, освои 3 мандати во ИЕ5.
Политичка Партија ЛЕВИЦА, носител: Јована Мојсоска, освои 1 мандат во ИЕ5.
КОАЛИЦИЈА ВЛЕН, носител: Салим Сулејмани, освои 1 мандат во ИЕ5.
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, носител: Весна Бендевска, освои 1 мандат во ИЕ5.