ТЕРА

REKLAMA???

ОГНЕНОВСКИ: ЌЕ ГО ПРОМЕНИМЕ КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Ние ДЕМОКРАТИ тврдиме и докажуваме дека изборните ветувања од изборните програми на сите останати партии кои што не се залагаат за промена на криминалниот Изборен закон и отворени изборни листи – се обични лаги и манипулации, кои што ниту порано се остваруваа, ниту сега ќе се остварат, вели Јорго Огненовски претседател на Демократи и носител во ИЕ1.

„Ако е вистина дека нема решавање на корупцијата, криминалот и партизацијата на државата додека се на сила затворените изборни листи, ако за остварување на изборните ветувања и големите државни проекти е неопходно воведувањето на отворените изборни листи, а политичките криминалци тоа сами не сакаат да го направат – како ние граѓаните сами тоа да го направиме? Како да се спасиме од слугите на сатаната, и како да ги воведеме отворените листи во Македонија?

Решението е едно и единствено – сега на избори сите масовно да гласаме за војниците на вистината, за нас самите и за ДЕМОКРАТИ, и по изборите, со помош на нашите граѓански претставници во собранието – да ги натераме политичките криминалци да ги воведат отворените листи! Изгледа тешко – но со наши граѓански претставници во собрание – се е многу лесно! Затоа и политичките криминалци јавно го поддржуваат воведувањето на отворените листи – затоа што ние граѓаните ги сакаме, и не смеат да ни се спротивстават јавно. А со наши претставници во собрание тоа веќе нема да можат да го игнорираат и саботираат – туку ќе мора веднаш да го спроведат, ако сакаат политички да преживеат“ вели Огненовски.