Променливо облачно и посвежо со повремен дожд, на планините снег

Во четвртикот во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Утринските температури се движат од 1 до 9, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денесска ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со температура до 15 степени.