Вести Економија Топ вести

За 7,4 % поскапа струја за граѓаните,  над 40 %  се зголемуваат фактурите на малите бизниси

Од денеска поскапа  струја во просек од 7,4 проценти. Почнува примената и на новиот тарифник  со кој на граѓаните ќе им се мери потрошувачката. Поскапи киловати ќе добијат сите домаќинства.

Најмалку од 5,5 отсто зголемување на цената ќе добијат оние од првиот блок, кои трошат до 210 киловат часови, најголем скок на цената пак за дури 140 проценти ќе имаат оние од послендиот блок, чија потрошувачка надминува 1.050 киловати.

ПРВ БЛОК           0 –  210        5,5 %

ВТОР БЛОК         210 – 630    10.3 %

ТРЕТ БЛОК           630 – 1050   18,3 %

ЧЕТВРТ БЛОК      НАД 1050    138,7 %

Според новиот ценовник киловат час во првиот блок ќе чини:

ПРВ БЛОК          7,7 денари за kwh

ВТОР БЛОЈ         8,05 денари за kwh

ТРЕТ БЛОК         8,63 денари за kwh

ЧЕТВРТ БЛОК    17,42 денари за kwh

На сајтот на регулаторната комисија за енергетика поставен е и калкулатор со кој граѓаните според потрошените киловати можат да пресметаат колку треба да платат.

Само за пример, ако едно домаќинство за потрошени 400 киловати во евтина и 350 киловати во скапа тарифа до вчера плаќало по 4.400 денари,  од денеска за истата потрошувачка ќе треба да платат 350 денари повисока сметка, односно 4.750 денари.

За дел од експертите тарифникот ќе предизвика многу нејаснотии, од РКЕ пак очекуваат со него домаќинствата да почнат рационално да ја користат струјата.

За најголем дел од индустријата пак односно за малите бизниси,  електричната енергија поскапува за нешто над 40 отсто.  Ако досега  за киловат час тие плаќале 13,46 денари, сега ќе ги чини 19,04 денари или 41,3 проценти повеќе. За индустријата првпат  се  воведува и евтина струја –  од 22 до 6 часот. Во овој  период за ефтина струја, за киловат тие ќе плаќаат 15,5 денари или за 15,1% поскапо од досегашната единствена тарифа за малите индустриски потрошувачи..

Вчера од енергетскиот форум, од Владата предупредија дека не чека тешка зима, но уверуваат и дека нема да има рестрикции. ЕСМ пак прави напор да обезбеди 100 проценти од потребите на електрична енергија на домашниот пазар, за да нема потреба од увоз.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе