logo
logo
logo

Трамвај преполови автобус во Истанбул, најмалку 33 повредени

Vecer | 05.12.2022

Трамвај преполови автобус во Истанбул, најмалку 33 повредени

Најмалку 33 лица се повредени во несреќа во која се судрија трамвај и автобус во Истанбул, јавува Анадолија.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од судирот.

Пожарникарите спасиле едно лице кое било заглавено во автобусот по судирот. Спасувачките екипи го поделиле автобусот на два дела за со кран и шлепер да го отстранат од местото на несреќата.

Селахатин Шахин, кој работи на блискиот паркинг, рече дека видел како трамвајот го преполовил автобусот, јавува Анадолија.

Еден од очевидците на несреќата, Мелих Картал, изјави дека се слушнал силен удар, а излегле надвор мислејќи дека е земјотрес.

Истанбулското јавно обвинителство покрена истрага за несреќата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk