Дурент по „метлата“ од Минесота: Имам нов омилен кошаркар

Кевин Дурент и неговиот Феникс претрпеа елиминација со „метла“ од страна на Минесота во првата рунда од разигрувањето за титула во НБА лигата. Санс немаа одговор за расположениот Ентони Едвардс кој во четвртиот натпревар имаше и брутално забивање преку големта ѕвезда.

Сепак тоа не беше повод за расправа помеѓу двајцата американски кошаркари. Напротив, 13 години постариот Дурент изјави дека има нов омилен кошаркар кој ќе го следи до крајот на кариерата.

„Импресиран сум од Ентони. Тој е мојот нов омилен играч за гледање. Многу напредна откако пристигна во првенството. Има 22 години и неговата љубов кон кошарката е впечатлива. Тоа е една од причините поради кои многу ми се допаѓа. Тој ја сака кошарката и е благодарен од позицијата во која се наоѓа. Благодарен е на секој шанса која ја добива.

Ќе го гледам и во иднина. Секогаш знаете дека ќе излезе на терен и ќе игра екстремно цврто секој вечер. Импресиран сум од него. Тој е еден од момците кои ќе ги пратам до крајот на кариерата“, изјави Дурент.

Се вчитува...