3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Се сеќавате ли што сонувате? Имате различна активност на мозокот, еве што вели науката за тоа

Се повеќе истражувања го потврдуваат мислењето дека соништата се алатка за обработка на информациите собрани во текот на денот.

„Во текот на ноќта, мозокот метафорично голта, вари и ослободува информации, исто како што тоа го прават цревата со храната“, објаснува клиничкиот психолог Рубин Најман, кој е специјализиран за интегративна медицина за спиење и соништа на Универзитетот во Аризона.

„Она што го складира мозокот станува дел од тоа што сме“, но многу за соништата останува непознато. Ви ги претставуваме неколкуте факти до кои досега науката успеала да дојде.

Веројатно сте слушнале од некој дека соништата се случуваат само за време на РЕМ спиењето. Сепак, постојано сонуваме, вели Најман.

Додуша, повеќе сме фокусирани на сонот во РЕМ фазата, но тоа што „не го гледате“ спиењето во другите фази не значи дека го нема.

Како што напредува ноќта, периодите на РЕМ сон се продолжуваат, така што повеќето соништа се случуваат во последната третина од периодот на спиење.

Иако некои соништа се случуваат надвор од РЕМ фазата, идентификувањето на „брзо движење на очите“, како што се нарекува и таа фаза, кај другите видови е многу тешко. Сепак, познато е дека сите цицачи и влекачи, како и некои птици, имаат РЕМ фаза, па тоа значи дека тие веројатно сонуваат.

Помалку е веројатноста да се сетите на вашиот сон ако ве разбуди аларм

Траумата што ќе ја доживеете кога ќе ве разбуди аларм може да предизвика да заборавите на сонот што до пред еден момент беше „пред вашите очи“.

Најдобар начин да се сетите што сте сонувале е да си дозволите полека да се разбудите. Само не трудете се премногу да го запомните сонот, „затоа што колку повеќе го бркате, толку полесно ќе ви избега“, вели Најман.

Студијата од 2014 година открила повеќе спонтана активност во одредени делови од мозокот кај луѓето кои редовно се сеќаваат на своите соништа, во споредба со луѓето кои не се сеќаваат.

Разлики не постоеле само за време на спиењето, туку и во будната состојба на испитаниците.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои се сеќаваат на соништата исто така реагираат повеќе на звуците за време на спиењето (и будните) отколку луѓето кои не се сеќаваат на соништата.

Вашето тело реагира на соништата на ист начин како и во будниот живот

Некако е чудно кога ќе се разбудите лути на некого за нешто што го направил во вашиот сон. Сепак, биолошки, има смисла вашите чувства да останат со вас дури и кога ќе ги отворите очите, вели Наиман.

На пример, може да се случи да ви се зголеми крвниот притисок или отчукувањата на срцето, исто како во некое стресно сценарио што се случува на јаве.

Сонуваме во реално време

И покрај митот дека соништата траат само неколку делови од секундата, во реалноста тие траат некаде од 20 до дури 60 минути, вели Наиман. Оние што ги сонувате на почетокот на ноќта се пократки, а подоцна стануваат подолги.

Кошмарите се застрашувачки, но стравот не е единственото нешто што ги води. Студијата во која учествувале 331 лице покажа дека лошите соништа исто така можат да предизвикаат чувство на грижа, збунетост, тага и вина.

Истражувањето покажало и дека мажите почесто имаат кошмари поврзани со физичка агресија и насилство, додека жените се фокусираат на конфликти со други луѓе.

Вашите соништа не се чудни ако не ги перцепирате така

„Кога сонувате, без разлика колку е тоа „чудно“, веројатно не се чувствувате така. Само кога ќе се разбудите сонот се чувствува чудно“, вели Наиман. Споредувањето на „чуден“ сон со реалноста е исто како да споредувате различни навики во исхраната во две сосема различни култури, вели тој.

Спонзорирано: