„Тато, би сакал да ти се заблагодарам…“ Со овие зборови Ѓорѓе се прости од својот татко Бранo Миќуновиќ

Бранислав Брано Миќуновиќ беше погребан вчера на гробиштата во Моштаница кај Никшиќ, а синоќа со потресни зборови се простија неговиот син Ѓорѓе и неговата сопруга Зорана.

Како што претходно објави српски Информер, голем број граѓани на Никшиќ и други градови од Црна Гора и регионот, луѓе од политичкото, културното и спортското милје, а меѓу нив и поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ со сопругата Лидија и синот Блаж, му оддале последна почит на Миќуновиќ во вечното почивалиште.

Од него синоќа на социјалните мрежи се простија неговата снаа Зорана и синот Ѓорѓе.

„Ти благодарам за твојата несебична љубов и внимание. Засекогаш (тато)“, напиша таа на заедничката фотографија што ја сподели на Инстаграм.

Два часа претходно, неговиот син Ѓорѓе го сподели текстот од дел од говорот што му го одржа на својот татко на погребот, заедно со емотикон за срце.

Тато, би сакал да ти се заблагодарам од мене и од твојата ќерка Андреа што не направи луѓе што сме. Ќе ни недостигаш засекогаш…“, напиша меѓу другото Ѓорѓе.

Брано Миќуновиќ почина од тешка болест во петокот на клиника во Будва.

Роден е во 1953 година во Никшиќ, а во младоста тренирал бокс и бил член на елитната 63-та падобранска бригада на поранешна ЈНА.

Со некролози од него се простија манекенката Манда Поповиќ, Дејо Савиќевиќ, Ѕвездан Терзиќ…