Поврзи се со нас

Македонија

На дијализа во земјава 1.540 лица-Светски ден на бубрегот

Објавено

на

Во државава се проценува дека хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 отсто од населението, додека во краен стадиум на болеста на лекување со дијализа се 1.540 лица, покажуваат податоците на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. Здружението под мотото „Унапредување на пристапот до нега и оптимално лекување на бубрежно болните лица“, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот.

Светскиот дел на бубрегот се одбележува секој втори четврток од март во повеќе од 150 земји ширум светот.  Кај нас се одбележува по 19-ти пат, под покровителство на Меѓународното здружение за нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на бубрежни фондации (IFKF).

На настанот што го организира Здружението „Нефрон“, како што е најавено, ќе се обратат претставници од институциите и ќе одржат стручни предавања со цел едукација на членството, но и подигнување на свеста за превенција на бубрежните болести, нивно рано откривање и изнаоѓање можности за навремен соодветен третман.

Според претседателот на „Нефрон“,  Душко Ѓоргиев, и покрај постигнатото унапредување во пристапот и значајно подобрените услови за лекување со дијализа во земјава, како приоритет останува зголемувањето на превентивната заштита и достапноста на соодветни нови лекови за сите пациенти.

Како најчести причини за откажување на бубрезите, од Здружението „Нефрон“ ги посочуваат дијабетесот и кардиоваскуларните болести. Велат дека превенцијата е клучна за намалување на човечките и економските трошоци за ХББ во терминалната фаза на болеста и затоа е потребен еднаков пристап до скрининг, рана дијагноза и квалитетен третман, како и едукација на пациентите и здравствените професионалци за прифаќање на новите методи и лекови.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 1 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 3 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 6 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 7 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 10 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 11 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 12 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 13 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 14 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена