Сѐ што треба да знаете за изборниот процес, правото на глас и дезинформациите, може да го најдете на медиумската платформа на ЦИВИЛ.
Како се гласа? Кој се грижи за законитоста на изборниот процес? Кои се вашите права како гласачи? Што може да се прави, а што е забрането за време на изборниот молк? Што се случува со вашето гласачко ливче откако ќе ја изразите вашата гласачка волја? Што се дезинформации? Што е тролање? Како се дефинира говорот на омразата?
ЦИВИЛ одговара на овие и на низа други прашањата со години наназад, во деновите пред почетокот и за време на изборните кампањи. Така и во пресрет на Изборите 2024, ЦИВИЛ им излегува во пресрет на граѓанките и граѓаните со информации за сите прашања поврзани со изборите.
Целта е да придонесеме кон јакнењето на јавната свест за правото на глас и за важноста на граѓанското учество во изборните процеси.
Како и секогаш, ЦИВИЛ е отворен кон сите прашања од граѓанките и граѓаните. Секој може, едноставно, да напише порака или да се јави во ЦИВИЛ и да постави прашање поврзано со изборите.
Воедно, граѓанките и граѓаните може да пријават нерегуларности, притисоци, закани, насилство и корупција, како и дезинформации и говор на омраза.
Борбата против дезинформациите, говорот на омразата, како и кршењето на човековите прави и слободи или изборните нерегуларности, започнува со нивно препознавање и пријавување.
ЦИВИЛ е на располагање за сите аспекти на едукацијата за препознавање на штетните појави, но и за нивно разобличување и преземање акции за нивно спречување.
Организацијата ги повикува сите граѓанки и граѓани да го користат ЦИВИЛ како релевантен извор на информации и едукација. Контактите на организацијата се: [email protected], инбокс на www.facebook.com/civil.mk или да се јават на 02 / 520 91 76 (11-13 часот).
ЦИВИЛ Тим за комуникации