Во Русија уапсен 12. осомничен за терористичкиот напад во „Крокус сити хол“

45

Судот во Басман во Москва го уапси дванаесеттиот обвинет во случајот со терористичкиот напад во „Крокус сити хол“, Џумохон Курбонов.

„Барањето на истрагата е испочитувано, а против обвинетиот Курбонов е одредена превентивна мерка притвор до 22 мај“, ја соопшти одлуката судијката Евгенија Николајева.

Во документот објавен на каналот Телеграм на московските судови од општа надлежност, се наведува дека напаѓачот е одговорен за комуникацијата на терористот, пренесува РИА Новости.

„Истрагата утврди дека Курбанов учествувал во обезбедувањето средства за подготовка на терористички акт, вклучително и обезбедување телекомуникациски средства за членови на организирана група и нивно систематско плаќање“, се наведува во документот

Курбанов на 11 април беше приведен за „ситно хулиганство“, а пред судот се изјасни дека „не го нарушил јавниот ред и не употребил непристојни зборови“, по што беше ослободен.

145 лица загинаа во пукотницата и пожарот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск, предградие на Москва, вечерта на 22 март.

Досега се уапсени 12 осомничени, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои според рускиот истражен комитет биле директни извршители на терористичкиот напад.

Во Дагестан се приведени четворица странци кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје на криминалци.