Холандската легенда не жали комплименти: Лука Модриќ е фудбалски бисер

Поранешниот репрезентативец на Холандија и напаѓач на повеќе европски прволигаши меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој во интервју за шпанскиот медиум „Ас“ упати големи пофалби кон хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ нарекувајќи го фудбалски бисер.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува со крајот на сезоната, а иднината на најтрофејниот фудбалер на славниот шпански клуб се уште е непозната. Според Холанѓанецот тој мора да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до последниот натпревар во кариерата и како „кралска“ легенда да замине во пензија.

„Тешко е да се говори за иднината на Модриќ. Тој е фудбалски бисер и бисер на Реал Мадрид. Јас, како негов голем фан и како навивач на клубот би сакал да се пензионира во Реал Мадрид. Но, не знам како размислува клубот. Треба да ја донесе најдобрата одлука за себе и за неговото семејство“, вели Ван Нистелрој.

Се вчитува...