Неколку моќни торнада погодија неколку американски држави. Очевидци на Интернет активно објавуваат видеа од најмоќната деструктивна сила што ги зафати Небраска, Ајова и Тексас.
На една од снимките е снимено како ветерот соборува и почнал да влече огромен камион по земја.
Неколку луѓе се повредени, а стотици куќи се уништени. Најтешко погодена е државата Небраска. Неколку мали градови беа буквално избришани од лицето на земјата: на пример, градовите Елхорн и Бенингтон.
Стохија веќе го нарекуваат најмоќен во последните две и пол години. Сепак, бурата се уште не го достигнала врвот предвиден за средината на саботата, кога заканата од торнада ќе се прошири од Мичиген до Тексас, објавија локалните медиуми. Ветерот ќе биде пропратен со град со големина на бејзбол, јавија локалните медиуми. Силното невреме ќе продолжи до недела.
MUST WATCH VIDEO of the BIG Tornado just a little while ago near Lincoln Nebraska!
LSC/Matthew Smith pic.twitter.com/RAHj61kBRz
— Live Storm Chasers (@LiveStormChaser) April 26, 2024