еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гранит со зголемена добивка во првиот квартал

Во првите три месеци од годинава, Гранит АД Скопје остварил единечни вкупни приходи од 833.673 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година, истите бележат намалување за 17%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Приходите од продажба изнесуваат 804.444 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 17%.

Финансиските приходи изнесуваат 2.371 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат зголемување за 12%.

Остварените единечни вкупни расходи се во износ од 827.718 илјади денари, а споредено со истиот период 2023 година бележат намалување за 17%.

-Во периодот јануари – март 2024 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 5.955 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 438.015 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 432.060 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првиот квартал на 2024 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

66.8 милиони денари за плати и надоместоци за менаџментот на Гранит лани

Гранит ќе дели дивиденда од 42 денари бруто по акција

Страшо Милковски и Ивана Милковска Симева купија по 4.200 акции во Гранит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакција на Euroturs ehr dooel – Eurosava на интервју во еМагазин

Редакција

Кој е Оливер Спасовски, еден од најсериозните кандидати за претседател на државата

Редакција

Како ДДВ-то ќе се враќа на граѓаните се уште не се знае

Редакција