Чилаверт со порака до „плачкото“ Винисиус: Не биди геј, фудбалот е за мажи

Бразилскиот репрезентативец Винисиус јуниор вчера ја „отвори душата“ и за време на прес-конференцијата пред денешниот меч против Шпанија јавно заплака. Фудбалерот кој настапува за Реал Мадрид се расплака поради тоа што чувствувал многу навреди, најчесто на расна основа, во Шпанија. 

Сепак, Винисиус не доби многу голема поддршка, а легендарниот парагвајски голман Хосе Луис Чилаверт му оддржа и лекција на младиот фудбалер.

„Прв е во навредување и напаѓање на противниците. Винисиусе, не биди пе*ер, фудбалот е игра за мажи“, беше пораката од Чилаверт за Бразилецот.

Чилаверт професионално бранеше од 1982 до 2004 година, а за Парагвај имаше 74 настапи. Тој е познат и како одличен голгетер, па постигна и осум погодоци во националниот дрес бидејќи многу сакаше да изведува слободни удари и пенали.

Винисиус има проблем со навивачите во Шпанија кој започна за време на дуелот против Валенсија на „Местаља“ во 2023 година, а потоа се прошири и на дел од другите стадиони каде што гостува Реал Мадрид со Винисиус во тимот.

- Оглас -

Најнови вести