Шок за стружани од Силекс, трилер-меч во Чаир меѓу Шкупи и Тиквеш, Брера го победи Вардар… (ВИДЕО)

Повеќе од возбудливи натпревари во 29. коло од Првата македонската фудбалска лига. Во битката за врвот на табелата, стружаните доживеаја шок од Силекс. И покрај водството од 2-0, на крај Струга ТЛ пред своите навивачи загуби од Силекс со 2-3. Сето тоа го искористија Шкупи и Шкендија кои се доближија до Струга ТЛ.

Шкупи со пресврт и гол во 97. минута дојде до победа над Тиквеш, а Шкендија славеше убедливо со 4-1 против Гостивар.

АП Брера на дуелот во Турново го победи Вардар со 2-0 отежнувајќи ја дополнително битката на вардарци за опстанок. Домашните поведоа со голот на Цветаноски во 24. минута од средбата, а конечните 2-0 ги постави Ивковиќ со голот во 97. минута.

Во второто полувреме Адеми стрелаше за трет гол, Чинари беше стрелец на четвртиот гол за Шкендија, а Кехинде беше стрелец на почесниот гол за гостиварци.

Струга ТЛ доживеа вистински шок во пресметката со Силекс. Стружани со головите на Бесарт Ибраими во 23. минута и Марјан Радески во 34. минутаимаа водство и од 2-0, но потоа дозволија три гола на гостите и невиден пресврт.

Најрасположен за Силекс беше Леонид Игнатов кој во 36. минута постигна гол за 2-1.

А, потоа во 48. минута Игнатов постигна вистински евро-гол со феноменален шут од 30 метри за 2-2.

Веќе во 52. минута Антонио Каланоски постигна гол и за водство на Силекс од 2-3.

Шкупи, пак, дојде до неверојатна пресврт-победа над Тиквеш од 3-2 благодарение на Аворнио кој постигна два гола, во 86. минута и потоа во 97. минута.

А, претходно чаирчани во првото полувреме поведоа со 1-0 благодарение на голот на Арби Воша во 39. минута.

Но, во второто полувреме Спахиу беше расположен за игра кај Тиквеш и со два гола во 53. минута и во 82.минута, од кои вториот беше вистински евро-гол донесе водство од 1-2.


Воска Спорт убедливо со 4-0 ја победи Брегалница, на тој начин се чини во голема мера откажувајќи ги штипјани од битката за опстанок.


Работнички и Македонија ЃП, пак, одиграа без победник 1-1 на арената „Тодор Проески“.

Ларсон постигна евро-гол во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме за водство од 0-1 на „лавовите“.

Но, Билали во 65. минута постигна исто така убав гол за конечни 1-1.

ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-3
Ибраими 23′, Радески 34′ – Игнатов 36′, 48′, Каланоски 52′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 4-0
Јашаровски 17′, 23′, Ѓоргиев 45′, Марушиќ 83′
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 3-2
Воша 39′, Аворнио 86′, 90’+7 – Спахиу 53′, 82′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 4-1
Шаља 1′, 9′, Адеми 54′, Чинари 88′ – Кехинде 81′
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 2-0
Цветаноски 24′, Ивковиќ 90’+7
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
Билали 65′ – Ларсон 45’+3

Се вчитува...