Вести Свет

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот рапер во Иран Томај Салехи кој беше во затвор повеќе од година и пол поради поддршка на протестите организирани низ целата земја поради смртта на Махса Амини.

-Огранокот 1 на Револуционерниот суд во Исфахан го осуди Салехи на смрт под обвинение за корупција, изјави адвокатот на пејачот Амир Раисијан и најави дека ќе поднесе жалба на пресудата, јавуваат локалните медиуми.

Томај Салехи (33) беше уапсен во октомври 2022 година, откако јавно го поддржа бранот демонстрации што избувнаа еден месец претходно, предизвикани од смртта на 22-годишниот активист за човекови права во притвор во Иран.

Махса Амини почина на 16 септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран за наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Исламската Република за жените.

Нејзината смрт го предизвика најголемиот бран на опозиција на улиците во Иран, најголем од 2019 година кога владата одговори со брутална сила на протестите поради скокот на цените на горивото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе