Започна лидерската средба којашто се одржува на покана на претседателот на Владата

0
165

Започна лидерската средба којашто се одржува на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Собранието на Република Северна Македонија, соопштија од владата.

-На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот. Тема на средбата се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски очекува одговорен пристап од сите политички лидери и субјекти и заеднички политички одлуки, коишто се од суштинска важност за сегашноста и иднината на граѓаните, а коишто се очекување и на граѓаните на Република Северна Македонија, истакнуваат од владата.

 

 

kurir.mk