Top Sport

„И да ми платат 600 милиони евра дневно не би играл во Саудиска Арабија“

Младата ѕвезда на Олимпик Лион, Рајан Шерки, кој дебитираше за поранешниот француски шампион како 16-годишник, би можел да го напушти клубот на лето бидејќи има само една година од договорот и моментално не разговара за продолжување.

Затоа Лион размислува да го продаде ова лето за да не го загубат без обештетување.

Иако 20-годишниот креативен играч за врска не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Лион, не сака да размислува за тоа до крајот на сезоната, ниту пак за потенцијална нова дестинација.

Тој вели дека се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, но знае каде нема. Шерки нема намера да оди во Саудиска Арабија.

„Воопшто не размислувам да се преселам во Саудиска Арабија. И да ми плаќаат 600 милиони евра дневно, јас таму нема да одам. Сакам да играм во Европа, да уживам овде, па ќе видам. Во иднина, се разбира, би можел да играм таму. Тоа е муслиманска земја, и такви работи ми се важни. Ќе видам до крајот на кариерата во каква состојба ќе биде саудиската лига“, објасни Шерки, кој сезонава одигра 31 натпревар во првенството и во Купот на Франција, постигна три гола и забележа шест асистенции.

Scroll to Top