Харисон Форд вели дека Хелен Мирен е секси и на 77 години

Харисон Форд вели дека Хелен Мирен е секси и на 77 години

пред 1 година

Харисон Форд (80) неодамна гостуваше во емисијата на Стивен Колбер, каде ја промовираше новата серија „1923“. Во интервјуто тој зборуваше и за својата филмска партнерка, глумицата Хелен Мирен, со која пред 37 години глумеше во филмот „Москито Коуст“.

Колбер го прашал Форд дали мисли дека 77-годишната Мирен сè уште е жешка, а Харисон без размислување му одговорил: „Сè уште е секси“.

Неговиот одговор предизвика аплауз кај публиката, а водителот се обиде да дознае дали има нешто помеѓу Форд и Мирен, но актерот само се насмевнал.

Колбер потоа раскажа како Хелен го бакнувала во уста кога дошла во неговото шоу, а Форд се насмеал и рекол дека Мирен е талентирана актерка.

„Таа е навистина неверојатна за гледање. Имавме многу физички акции, што таа ги направи многу добро. Таа само скокна и правеше работи што не би замислиле дека ќе ги направи Хелен Мирен“, ја пофали Харисон за нејзината улога.

Share
Scroll to Top