Книга: „На север од егејскиот свет“ – истражувања за бронзеното и железното време

65

Книгата „На север од егејскиот свет“ на Драги Митревски претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот, но и од севкупните истражувања за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија.

Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. Базирана е на севкупните досегашни археолошки откритија од териториите на денешните модерни држави на тој простор, обединувајќи ги на едно место во цврсто документирана научна целина, која преставува драгоцен прилог за балканската археологија и културна историја. Таа е плод на тридецениското проучување и документирање на сите археолошки податоци што произлегуваат од теренските истражувања на локалитетите од бронзеното и железното време на територијата на целата т.н. среднобалканска зона. Книгата е илустрирана со стотина фотографии.