Скопјани имаат градоначалник за кој не сакаат да гласаат – Данела Арсовска со поддршка од само 2.506 гласа

Само 2.506 гласа доби Нова Алтернатива на скопската градоначалничка Данела Арсовска од избирачите во скопските општини, покажуваат резултатите од вчерашните парламентарни избори објавени на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК).

Во изборната едница 1, каде носител на листата на Нова Алтернатива беше Данела Арсовска, поддршка за неа и нејзината политичка партија дале 1.486 граѓани. Поделено по општини, во Чаир добила 84 гласа, во Центар 253, во Кисела Вода 300, во Карпош 438, во Аеродром 343 гласа и во Сарај 68.

Во изборната единица 2, каде носител на листата на Нова Алтернатива беше Драган Митковски, партијата добила само 1.020 гласа. Во Бутел за оваа политичка опција глас дале 87 граѓани, во Гази Баба 191, во Ѓорче Петров 649, во Чаир 34, и во Шуто Оризари 59.