Маж во Србија возел камион со 5,12 промили алкохол во крвта

Припадниците на полицијата во Петровац (Србија) денеска уапсиле маж (55) кој управувал камион во Кучево со 5,12 промили алкохол во крвта.

Возачот е приведен, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

– Апелираме до возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол, како и да ги почитуваат сите сообраќајни прописи, бидејќи на овој начин го штитат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот – соопштија од полициската управа Пожаревац.

Претходна вестЃорческа се пласира во четврт-финалето
Следна вестДаден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција