„Дончиќ е подобар од Дирк Новицки“

Косопственикот на Далас Маверикс, Марк Кjубан даде изјава која ја запрепасти американската кошаркарска јавност.

Поранешниот кошаркар Чендлер Парсонс го праша дали Лука Дончиќ е веќе најдобриот играч во историјата на Маверикс.

„Да, Дирк Новицки не мисли така, но така е. Разликата е во тоа што Лука може да ги контролира сите аспекти на играта“, рече Кјубан.

Дончиќ зад себе ја има најдобрата сезона во дресот на Маверикс. Тој е првиот Европеец кој беше најдобар стрелец во сезоната во НБА, сепак Новицки им ја донесе првата и единствена титула на Маверикс.

Се вчитува...