Евкалиптус е зимзелено дрво познато по високите гранки, симетричните лисја и освежувачки мирис, а токму тој е еден од омилените украси на сечиј дом.
Една од предностите на евкалиптусот е тоа што за него е едноставно да се грижите. Кога ќе заврши во вазна, важно е само редовно да му ја менувате водата и да му ги кастрите гранките. На тој начин може да трае и до три седмици, а потоа можете да го извадите од водата и да го оставите да се исуши по што може да трае засекогаш.
Поради својата долготрајност и факт дека за него може лесно да се грижите, евкалиптусот е идеална опција за украсување на домот, а особено е популарен во текот на празничните денови.
Многумина токму евкалиптусот го користат при уредување на домот за божиќните и новогодишните празници. Опциите се разни, а секоја од нив изгледа еднакво прекрасно.
Евкалиптусот може да го ставите во вазна, да го обликувате во венец или пак со него да ја украсите празничната трпеза. Може да ви послужи и за изработка на адекватен венец, но и како украс при пакувањето подароци.
Евкалиптусот можете да го комбинирате со други украсни билки, а на неговите гранчиња може да поставите божиќни украси со што ќе направите да изгледа уште поубаво.
Доколку сакате евкалиптус во домот, во нашата галерија ве чекаат идеи како да го искористите за празничното украсување. Доколку досега не сте го украсувале домот со евкалиптус, веруваме дека нашите фотографии ќе можат да ви помогнат да го направите тој чекор.
Погледнете ги фотографиите: