13.8 C
Скопје
05:10 - 2 мај, 2024

Почина Слаѓана Милошевиќ, музичка авангарда во поранешна Југославија

Српската пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина на 69-годишна возраст, потврди нејзината пријателка.

Милошевиќ починала во Земунската болница, по кратко боледување, а датумот и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.

Слаѓана Милошевиќ се бореше со сериозни здравствени проблеми. Легендарната пејачка била во болница на лекување во последните десет дена, пишуваат српските медиуми.

Таа била тешко болна, имала инфекција на белите дробови и во еден момент била позитивна на ковид-19, неофицијално дознава српски „Телеграф“.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија.

Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што освоила „Гран при“.

Милошевиќ почна да крши табуа кога објави песна наречена „Sexy dama“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.

Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.

Со Дадо Топиќ во 1984 година ја сними песната „Принцеза“, која беше преведена и на англиски јазик, а во 1989 година замина за САД, каде извесно време свиреше со групата „Бејби систер“.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....