Што сe изнесува од куќата кај што исчезна малата Данка?/ВИДЕО

3125
Фото: screenshot video Novosti.rs

Двегодишната Данка Илиќ исчезна пред два дена во Бањско поле кај Бор. Припадниците на српското МВР интензивно работат на пронаоѓање на девојчето, како и на утврдување на сите факти и околности поврзани со нејзиното исчезнување.

Како што пренесоа српските емдиуми, багер денеска пристигнал во дворот од куќата во која исчезна малата Данка Илиќ. Багерот учествува во расчистување на теренот околу куќата.

По багерот пристигнале пожарникарите со приколка, со која ќе го подигнат отпадот со цел да ја расчисти куќата.

Куќата е во руинирана состојба, полна со стари работи и отпад, како никој да не ја посетил со години.

Порталот „Новости“ објави видео на кое се гледа што се изнесува од куќата во која исчезна малата Данка.

 

„Кај родителите на малата Данка се крие клучот на разврска – нешто што ќе го открие полицијата“, тврди екс српски разузнавач