Breaking News

Шаќири во посета на фабрика за мебел каде се реализира практична обука на ученици


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија Антони Пешев, ќе ја посетат фабриката за мебел „Ацевски“, во која се реализира практична обука на учениците и која соработува со стручното училиште СУГС „Ѓорѓи Димитров“.


Настанот, како што соопшти Стопанска комора, е во насока на поттикнување на уписот во средните стручни училишта со цел креирање кадар кој ќе одговори на пазарните потреби, како и за да се покаже врската меѓу бизнисот и образованието особено во сегментот каде учениците ќе ја реализираат практичната обука доколку се запишат во стручно училиште.


нд/дма/ .

Извор: МИА