Top Sport

Барселона дома против ПСЖ, „жолтиот ѕид“ го чека Атлетико

Вечерва по одигрувањето на реваншите во Барселона и Дортмунд ќе биде формирана првата полуфинална двојка во Лигата на шампионите. На програмата се четвртфиналните реванши меѓу Барселона и ПСЖ (3:2) односно Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид (1:2).

Пред дуелот со ПСЖ, Барселона во саботата го совлада Кадиз со минимален резултат, а стрелец беше Жоао Феликс, додека ПСЖ немаше обврски за викендот.

Избраниците на Луис Енрике имаа малку повеќе време за одмор и подготовка за натпреварот во Шпанија.

Шпанскиот првак десет години чека на нов трофеј во Лигата на шампионите, а толку време мина откако го играа последното финале.

Чави Ернандез би можел да си замине од Барселона на триумфален начин, со титула во Лигата на шампионите.

“Имаме одлична можност како клуб. Играме дома, тоа е голем фактор во наша корист. Може да има магични ноќи во „Монжуик“ какви што имаше на „Ноу Камп“. Имам чувство дека овој натпревар ќе биде сличен како првиот, но да не шпекулираме. Тие ќе не притиснат, а ние ќе треба да најдеме простор и да ја покажеме нашата сила и да се пласираме во полуфиналето“, вели Чави.

Од друга страна, ПСЖ, никогаш не ја освоил ЛШ, а со оглед на тоа дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е речиси сигурен на крајот од сезоната, ова е негова последна шанса да го освои елитното натпреварување со „свеците“.

Ќе видиме дали ПСЖ има сили за пресврт. Да потсетиме, Барселона во сезоната 2017 успеа да надмине негатива од четири гола и да се пласира понатаму.

Според аналитичарите, Барселона е благ фаворит пред овој дуел.

Победникот од овој дуел ќе се соочи со подобриот двомеч Борусија Дортмунд-Атлетико Мадрид.

Дортмунд не успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите откако Јирген Клоп беше тренер во 2012/13 година.

Од друга страна, Атлетико гна почуфинале чека од сезоната 2016/2017 кога во полуфиналето загуби од Реал.

Сезонава изгледаат добро во ЛШ, дожиеаја само еден пораз, во претходната рунда од Интер во Милано.

Борусија се надева дека главниот адут ќе им биде домашниот терен. Покажаа дека сезонава можат да се борат на свој стадион и против поголеми противници. Главен показател е ремито со Милан и ПСЖ, како и победата против Њукасл и ПСВ во осминафиналето (2:0).

Пред овој дуел тие ја совладаа Борусија во Менхенгладбах со 2:1.

Од друга страна, Атлетико беше сигурен против Џирона (3:1) во малото дерби на Ла Лига.

Борусија во овој натрпевар ќе биде без повредениот Себастијан Але, додека Атлетико во Дортмунд допатува без суспендираниот Самуел Лино и повредениот Мемфис Депај.

Scroll to Top